Предвидени глоби за прекршоци против јавниот ред и мир
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Прекршок против јавниот ред и мир врши секој кој со своето однесување или постапка го нарушува мирот, работата или вообичаениот начин на живеење ги омаловажува, понижува и навредува граѓаните, на јавно место ја загрозува нивната безбедност или создава несигурност, го оневозможува непреченото движење на граѓаните на јавни места или го нарушува остварувањето на нивните права и обврски, ја попречува работата и извршувањето на надлежностите на државните органи и други институции кои вршат јавни овластувања, или вршењето на дејностите на правните лица или на друг начин го нарушува јавниот ред и мир.
Под јавно место се мисли на местото на кое е слободен пристапот на неопределен број лица без какви и да било услови (улица, училишта, плоштади, патишта, излетнички места, пристаништа, чекални, угостителски, трговски и занаетчиски дуќани и слично) или под определени услови (спортски стадиони и игралишта, средства за јавен превоз, кино сали, театарски и концертни сали, изложбени простории, градини и слично), како и други места кои во определено време служат за вакви намени (земјишта или простории во кои се одржуваат јавни собири, приредби, натпревари и слично).
Прекршок на јавниот ред и мир ќе стори оној :
– Кој на јавно место со карање, викање или непристојно и дрско однесување го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
– Кој на јавно место со фрлање или кршење шишиња, чаши или други предмети ги вознемирува граѓаните или ја загрозува нивната безбедност ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
– Кој на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност
– Кој со малтретирање на друг во стан ги вознемирува соседите, со што ќе предизвика интервенција на полицијата, ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
– Кој го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева (мотор и слично), во периодот од 15,00 до 18,00 часот и по 23,00 часот до 6,00 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
– Кој ќе се затекне да пита ќе му се изрече глоба во износ од 15 до 50 евра во денарска противвредност
– Кој на јавно место учествува, предизвикува или поттикнува друг на тепачка ќе му се изрече глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност.
– Кој на јавно место физички ќе нападне друго лице ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска протввредност.
– Кој игра комар или друга игра на среќа што е забранета ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
– Кој на јавно место организира борба меѓу животни и предизвикува негодување на граѓаните или ја загрозува нивната безбедност ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност
– Кој на јавно место со малтретирање, омаловажување, понижување и навредување на друг или со вршење присилба спрема друг ќе предизвика негодување на граѓаните, или ја загрозува нивната безбедност ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
– Кој омаловажува државен орган, односно омаловажува или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.
– Кој не ќе се оддалечи од група на луѓе која овластено службено лице ја повикало да се разотиде во прилики кога јавниот ред е загрозен ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.
– Кој лажно повикува на помош или пријави настан со намера да предизвика излегување на службено лице на државен орган или на јавна служба ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
– Кој оштетува, уништува или осквернува споменик ќе му се изрече глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
– Кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на кој било начин ги изложи на подбив државните симболи на Република Македонија, симболите на припадниците на заедниците или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон ќе му се изрече глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност.
– Кој се оддава на проституција, како и издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.
– Кој се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
– Кој овозможува присуство на малолетни лица во угостителски објекти или простории за забава (кафеани, ноќни барови, дискоклубови и слични објекти) подоцна од 24,00 часот ќе се изрече глоба на:
а) трговско друштво кое врши угостителска дејност или друго правно лице во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност,
б)трговец поединец кој врши угостителска дејност во износ од 1.200 до 1.700 евра во денарска противвредност и
в) одговорно лице во трговско друштво кое врши угостителска дејност или друго правно лице во износ од 600 до 1.200 евра во денарска противвредност.
– Кој дава аудиовизуелни слики и други предмети со порнографска содржина или со изразено насилство на малолетни лица, ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
– Кој лажно се претстави на друг во однос на својата службена функција, односно статус или кој ќе употреби лажни лични податоци како свои или кој ќе потврди туѓи лажни лични податоци, како и кој неовластено носи ознаки на службено лице ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност.
– Кој без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно држи кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат или да повредат ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
– Кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
–ПРАВДИКО–
Поврзани статии: