Прегазен пешак во Прилеп, возачот избегал | Правдико

Правдико

   

Прегазен пешак во Прилеп, возачот избегал

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пешак загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Прилеп. Според информациите од полицијата, возачот веднаш избегал од местото на несреќата и сè уште се трага по него.

Вчера во 20.30 часот на улица Трајко Николоски во Прилеп се случила сообраќајна незгода во која непознато лице, управувајќи патничко возило непозната марка и со непознати регистарски ознаки, удрило во пешакот М.Ј. (39) од Прилеп и избегало.

Од страна на лекар од итната медицинска помош во Прилеп била констатирана смрт кај пешакот.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото и возачот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико