Прегазена жена во Скопје, возачот избегал
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Седумдесетгодишна жена вчера била прегазена со автомобил на улицата Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Несреќата се случила околу 14 часот по што возачот избегал, информираат од полицијата.
Жената со тешки телесни повреди била однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се работи на расчистување на случајот.
Извор: Макфакс