Преглед на субјекти избришани во месец Април 2016 година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Централниот регистар на Република Македонија согласно став 5 од член 552-а од Законот за трговските друштва, (Службен весник на Република Македонија бр.28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015 и 6/2016), секој месец на својата веб страница објавува преглед на трговци поединци и трговски друштва кои согласно со овој член се избришани од трговскиот регистар во текот на претходниот месец, врз основа на кој надлежните органи и институциите постапуваат во рамките на нивните надлежности
Постапката за бришење на трговците поединци и трговските друштва е спроведена согласно член 552-а од причини определени во член 552-б од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2014 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2013 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица.
Во месец април избришани 11.015 правни субјекти.
Целосната листа можете да ја превземете ТУКА