Преговорите неуспешни, Украина пред капитулација?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Властите во Kиев вчера соопштија дека најмалку 13 војници и седум цивили се убиени за само 24 часа, еден ден по неуспехот на мировните преговори, пренесе Ројтерс. Бројот на жртвите се зголеми во последните две недели откако бунтовниците почнаа нова офанзива. Надежите за деескалација испарија во саботата кога претставниците и на Kиев и на бунтовниците се обвинија за саботирање на преговорите.
Состанокот во Минск, на кој освен претставници на Kиев и Донбас, учествуваа и претставници на Москва и ОБСЕ, заврши без нови договори. Тој беше одржан зад затворени врати и траеше повеќе од три часа, пренесе „Раша тудеј“. Леонид Kучма, кој ја претставуваше Украина, го напушти состанокот, обвинувајќи ја другата страна за ултиматуми и саботирање на преговорите. Слични изјави беа дадени и од претставниците на бунтовниците.
Состанокот немаше резултати за помош во прекин на огнот бидејќи Александар Захарченко и Игор Плтнитски, кои ги потпишаа документите од Минск, не присуствуваа на состанокот, а нивните претставници дадоа само изјави слични на ултиматум – истакна Kучма.
Претставникот на Луганск, Владислав Деинего, за „РИА новости“ истакна дека состанокот не резултирал со потпишување на документ и дека не било дискутирано за датум за следниот состанок на контакт групата.
Некои од лидерите на бунтовниците велат дека се подготвени за мировни преговори, но тврдат дека сепаратистите во Донецк и Луганск одбиваат учество, пренесува „Ал Џезира“.
– Нема повлекување, никој не се поместува од позицијата – велат тие.
Обидите за одржување примирје за овие борци не значи многу. Велат дека веќе жртвувале премногу.
– Мировните преговори се бескорисни. Ако сакаат да стават крај на судирите, треба да заминат од нашата земја и војната ќе прекине – велат тие за „Ал Џезира“.
Во меѓувреме, командантот на украинскиот полк „Азов“, Андреј Билецки, за украинските медиуми истакна дека тој смета дека земјата е на чекор до капитулација.
– Се води кон целосен воен колапс на Украина. Нашата земја потоа ќе потпише капитулација во оваа или онаа форма – истакнува Билецки.
Тој додава дека војната ќе се заврши со признавање на независноста на самопрогласените републики ДНР и ЛНР.
-На чекор сме до капитулација – истакнува Билецки и додава дека Украинците се жртва на лажните ветувања на Западот и дека затоа се демолирани.ж
-Од една страна имаме воени успеси на сепаратистите, а од друга лажните ветувања за помош од Запад – истакнува Билецки, а пренесува „Веб трибјун“, повикувајќи се на „Правда“.
Србите во Донецк бараат слобода за сите православни земји
Српските медиуми пренесоа снимка од Србите што учествуваат во судирите во Украина на која се гледаат неколку мажи во маскирни униформи стационирани во близина на аеродромот на Донецк, а едниот од нив на српски порачува: „Слобода за сите православни земји“. Лицето што снима исто така зборува српски, додека останатите зборуваат руски, истакнувајќи дека ќе го обноват аеродромот во Донецк.
Украински војници со фотографија од Хитлер
На социјалните мрежи се појави фотографија на која, наводно, се доброволци од украинската војска со фотографија од Адолф Хитлер. Според руските медиуми, на фотографијата се 12 члена на украинската единица „Азов“. Еден од фотографираните има маица со грбот на „Азов“. Според руските медиуми, грбот на „Азов“ на себе го има симболот на фашизмот кој се поврзува со дејствувањето на движењето на Степан Бандера. С` уште нема официјално соопштение за фотографијата.
Извор: Дневник