Правдико

   

Прекинат штрајкот на машиновозачите

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Патничкиот и товарниот железнички превоз во Македонија од утрово е нормализиран откако синдикатите на машиновозачите го прекинаа штрајкот по средбата што ја имаа ноќеска со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и новото раководство во МЖ Транспорт ад Скопје.

mz_g111

Возовите, според службата за информации од Железничката станица во Скопје, сообраќаат според утврдениот возен ред. Од Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија и Министерството за транспорт и врски информираат дека в понеделник ќе почнат преговори за исполнување на барањата на машиновозачите, поради кои од завчера беше прекинат товарниот, а од вчера напладне редуциран патничкиот сообраќај. Ќе се преговара и за барањето за промена на пресметката на бенифицираниот стаж.

Со ресорното Министерство и новото раководство што е именувано во МЖ Транспорт од вчера е постигнат договор и за барањето за исплата на платата еднократно, а не двапати месечно, а ќе се преговара и за останатите синдикални барања.

Извор:24 Вести

Партнери на Правдико