Прекината средбата за законот за јавно обвинителство, партиите ќе ги пеглаат разликите | Правдико

Правдико

   

Прекината средбата за законот за јавно обвинителство, партиите ќе ги пеглаат разликите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Средбата на работните групи на СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство денеска беше прекината, повторно без решение.

Министерката за правда, Рената Дескоска, и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, заедно ги брифираа новинарите дека има суштински разлики околу законот. Како што кажаа, оставен е простор уште еднаш да ги разгледаат заклучоците од лидерската средба, па потоа да се состанат работните групи.

Тие не кажаа кога ќе се одржи нов состанок.

Дескоска пред почетокот на средбата рече дека исходот на преговорите зависи од опозицијата.

„Повеќе сум реалист отколку оптимист, затоа што знаеме кого имаме од другата страна. Дали ќе имаме договор, зависи од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Законот треба да биде суштински и во согласност со европските стандарди. Имаме неколку разидувања и тоа во однос на процедура при именување на обвинител, дилема дали воопшто ќе има ново обвинителство ако веќе го укинуваме СЈО и трето солидна правна рамка за водење на случаите. Неприфатливи се отстапки кои се надвор од европското право и вредности“ ,рече Дескоска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, пак, ја повика власта да не бега од одговорност и Заев да го исполни предизборното ветување за предлогот за избор на шеф на обвинителство да биде од опозицијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико