Прекршочни пријави за 71 родител за невакцинирање на деца | Правдико

Правдико

   

Прекршочни пријави за 71 родител за невакцинирање на деца

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На вкупно 71 родител во државата во првите шест месеци годинава им биле поднесени прекршочни пријави бидејќи не ги однеле децата на задолжително вакцинирање. Од нив осум пријави биле за вакцината ХПВ, а 63 за другите вакцини од редовниот календар за вакцинирање.

Little baby get an injection

“Прекршочните пријави се веќе доставени до судот. Тие најчесто се однесуваат затоа што родителите одбиле децата да ги вакцинираат уште во родилиштето каде се прима вакцина за жолтица Ц, за туберкулоза и за болестите што ги предизвикува бактеријата хемофилус инфлуенца, но и за други вакцини од календарот за редовна имунизација”, вели д-р Џевџет Шакири, директор на Државниот здравствено санитарен инспекторат при Министерството за здравство.

Родителите кои одбиле да ги вакцинираат децата, според законската регулатива ќе завршат на суд, со што им се заканува казна од 350 до 600 евра.

Шакири потврди дека и претходните години биле поднесувани прекршочни пријави, а посебно годинава откако се активирало движење против вакцинирање. Тој вели дека нема информација колку од родителите досега заработиле парична казна, но укажа на важноста на вакцинирањето и опаноста од враќање на искоренети болести.

Според законот за редовна имунизација, на определна возраст лицата се вакцинираат против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки, бактеријата хемофилус инфлуенца и вирусна жолтица Б и Ц.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико