Прекршоци за одржување на јавна чистота | Правдико

Правдико

   

Прекршоци за одржување на јавна чистота

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_1Одржувањето на  јавната  чистота  е  континуиран  процес  кој  обезбедува  трајно и квалитетно чистење  на  јавните  површини на јавните објекти,  на  отворените  простори  на  јавните објекти  и  на  дворните  површини  на  колективните  и  индивидуалните објекти за домување, заради обезбедување на здрава и чиста животна средина.

Секое физичко и правно лице е должно да се  грижи за одржувањето на  јавната чистота.

Заради обезбедување на јавна чистота на јавните површини е забрането:

– фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут), освен за места определени за таа намена,

– фрлање и оставање на  хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја,  отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на местата определени за таа намена,

– оставање  на  стари  предмети  од  домаќинство  и  смет  од  вршење  на  дејности покрај садовите за собирање на смет, освен на места определени од општината,

– палење, закопување и уништување на смет,

– оставање на фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, живина и птици во садови за отпад, освен за места определени за таа намена,

– колење на кокошки и друга живина и животни,

– испуштање на отпадни води и други течности од дворните места и објекти,

– истурање или испуштање на течности во садови за отпад, на улици, во канали, реки и езера,

– сечење, складирање, цепење на дрва, јаглен и слично, освен за места определени за таа намена,

– оставање на запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки,

– чување и напасување на крупен добиток и живина,

– продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи, освен за места определени за таа намена,

– превоз  на  песок,  земја,  цемент,  глина,  земјоделско  ѓубре,  сено,  отпад  или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец,

– вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стоваришта или градилишта со валкани тркала,

– поставување на урбана опрема и други подвижни и неподвижни предмети,

– поправање, сервисирање на возила и вршење на разни занаетчиски работи,

– оставање на нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки,

– мешање на бетон, малтер, освен на места што ќе ги определи општината,

– растурање на сметот од вреќи, контејнери и други видови садови за собирање смет,

– фрлање, односно оставање на  смет до контејнер и други видови на садови  за собирање на смет,

– фрлање смет од кој било кат од станбена зграда или куќа, во двор,

– поставување на контејнери и други видови садови за собирање смет надвор од определени места за нивно поставување, согласно со нивната намена,

– палење и уништување на садовите за собирање смет,

– уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта),

– плукање или секнење нос на јавни површини,

– лепење на плакати на кое било јавно место, освен за места определени за таа намена и

– вршење на физиолошки потреби.

048D0801BF7A23468432527D36AE8934Исто така на јавни објекти и на колективни и индивидуални станбени и деловни објекти забрането е испишување графити, поставување на светлечки реклами и видео билборди како и лепење на плакати.

Доколку се поставува спортивно на одредбите за одржување на јавна чистота, предвидена е глоба од 50 евра која се изрекува во мандатна постапка  на физичко лице.

Кога општинскиот комунален инспектор, комуналниот инспектор на општините во градот Скопје, комуналниот инспектор на град Скопје, односно униформираниот полициски службеник и комуналниот редар ќе утврдат дека е сторен прекршок , на сторителот ќе му врачи покана за плаќање на глобата во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата.

Доколку сторителот на прекршокот не го плати предвидениот износ на глобата согласно претходно наведениот рок општинскиот комунален инспектор, комуналниот инспектор на општините во градот Скопје, комуналниот инспектор на град Скопје, односно униформираниот полициски службеник ќе поднесе барање за поведување прекршоцна постапка пред комисијата за одлучување по прекршоци во Министерството за транспорт и врски.

Во  случај  на  водење  на  прекршочна  постапка  Комисијата може да изрече глоба најмногу во трикратен износ од утврдениот износ од 50 евра.

Општинскиот комунален инспектор, комуналниот инспектор на општините во градот Скопје односно комуналниот инспектор на градот Скопје, униформираниот полициски службеник и комуналниот редар можат да му предложат на сторителот надминување на последиците од прекршокот да се стори со вршење или сторување на општокорисна работа во траење од најмалку 24 работни часа или доделување на средства за вршење на општокорисна работа на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Собраните средства се користат наменски за одржување на јавната чистота.

Доколку сторителот на прекршокот е малолетник во тој случај се постапува согласно со Законот за Малолетничка правда.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

Предвидени глоби за прекршоци против јавниот ред и мир 

Нарушување на мирот на граѓаните од штетна бучава

Партнери на Правдико