Преку Закон за услуги ќе се олеснува пристапот до пазарот на услуги во рамки ЕУ | Правдико

Правдико

   

Преку Закон за услуги ќе се олеснува пристапот до пазарот на услуги во рамки ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Значењето на услужниот сектор во поттикнување на целокупниот економски развој во Република Македонија е во постојан пораст. Услужните дејности се значаен и се уште недоволно искористен извор за создавање на нови работни места. Поттикнување на развојот на услужниот сектор е условено со проширување на услужните активности надвор од границите на земјата, нивно слободно движење и интеграција во глобалниот пазар на услуги.

Трговијата со услуги вообичаено е предмет на поголема регулаторна контрола што придонесува да се ограничи нејзиниот развој. Постоењето на неоправдани и несразмерни на целта административни пречки за започнување на економска активност и за вршење услужни дејности иницираше потреба од донесување на општа правна рамка во услужниот сектор со истовремено усогласување со Директивата за услуги на внатрешниот пазар на ЕУ 2006/123/ЕЗ (Директива за услуги).

Со нејзина имплементација во законодавството на Република Македонија ќе се обезбеди непречено движење на услугите преку следните елементи: отстранување на законските и административните ограничувања за вршење услужни дејности, воспоставување на едно место преку кое вршителите на услужни дејности можат да поднесат барања за неопходните постапки за дозволи по електронски пат, унапредување на соработката помеѓу регулаторите од одделни земји и подобрување на квалитетот на услугите.

Со Предлог-законот се уредува општата правна рамка за пристап на пазарот на услуги и вршење на услужни дејности во Република Македонија преку утврдување на основните начела и принципи на недискриминација и поедноставување на постапките за одобрување. Се овозможува уредување на правилата за административна соработка со останатите држави членки и со Европската комисија во обезбедувањето на слободата на движење на услуги во рамки на внатрешниот пазар на Европската Унија. Со Предлог-законот се уредува функционирањето на ЕТК со која ќе се обезбеди потребните информации и помош за постапките за пристап на пазарот и за давање услуги да бидат достапни по електронски пат.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико