Преку Закон за зоотехника ќе се усогласува сточарството со европските регулативи | Правдико

Правдико

   

Преку Закон за зоотехника ќе се усогласува сточарството со европските регулативи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Моментално со тековниот Закон за сточарството  се уредуваат условите и начинот на држење на добитокот, одржливото стoчарство, начините на одгледување на добитокот, програмите за одгледување, промената и заштитата на особините на домашните животни, преносот на селекциските достигнувања во одгледувањето, заштитата на генетската варијабилност, генетските резерви и автохтоните видови, стручните задачи и јавните
услуги на подрачјето на сточарството, како и ген банки во сточарството, признатите организации во сточарството, образовната и истражувачката работа во сточарството, производството и прометот со приплоден материјал, начини на обезбедување на средства за спроведување на одгледувачките програми, како и надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон.

Согласно законот и подзаконските акти кои се произлезени од истиот се спроведуваат мерки и активности од Заедничката основна програма за одгледување на добиток (ЗОПОД) и одгледувачките програми произлезени од ЗОПОД и мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството.

Овие активности ги извршуваат овластени институции, согласно закон, како јавни услуги во сточарството.

Потребата од изработување на нов Закон за зоотехника е поради усогласување со регулатвата (ЕУ) бр.2016/1012 на Европскиот парламент и на советот на Европската Унија од 08 јуни 2016 година за зоотехнички и генеалошки услови за приплод, трговија и пуштање во Унијата на чистокрвни животни за приплод, хибридни свињи за приплод и нивни зачетни производи, за изменување и дополнување на Регулативата (ЕУ) бр. 652/2014 и Директивите 89/608/ЕЕЗ и 90/425/ЕЕЗ на Советот и за укинување на одредени акти во областа на приплод на животни (Регулатива за приплод на животни) и иземање на некои одредби од сегашниот закон кои се пропишани во други закони Со новиот Закон за зоотехника се обезбедува транспонирање на регулативата (ЕУ) бр.2016/1012, како и основ за имплементација на регулативите 2017/716, 2017/717, 2017/1422 2017/1940 и 2021/761.

Исто така се транспонираат и одредби од Регулативата бр. 32014/0910 на европскиот парламент од 23 јули
2014 година за електронска идентификација и доверливи услуги за електронски трансакции во внатрешниот пазар и за укинување на Директивата 1999/93/ЕЗ. Истовремено во овој закон се наоѓаат и одредби кои не се опфатени во регулативата (ЕУ) бр.2016/1012, а се однесуваат на националното законодавство, односно одредби од досегашниот Закон за сточарството.

Поточно тоа се одредби за собирање на резултати и податоци за одгледувачката вредност на коњите, производство и промет на пчелни матици, одгледување на живина за приплод, управување со генетски ресурси и заштита на генетската варијабилност/биолошката разновидност и обновување на раса и создавање на нова раса на домашни животни, начини на обезбедување на средства за спроведување на одгледувачки
програми и заштита на биолошката разновидност и ген банките во сточарството, како и спроведување на надзорот.

Со донесување на Законот за зоотехника ќе прстанат да важат одредбите од Законот за сточарството (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 07/08, 116/10, 23/13, 149/15, 39/16 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.122/21).

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико