Премиерот на Романија казнет со 500 евра, пушел во својот кабинет и не носел маска | Правдико

Правдико

   

Премиерот на Романија казнет со 500 евра, пушел во својот кабинет и не носел маска

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Романскиот премиер, Лудовик Орбан, и четворица министри морале да платат казна поради непочитување на корона-мерките.

Тие платиле казна затоа што не носеле заштитни маски на роденденската забава на премиерот во неговиот кабинет, пишува романската агенција „Медиафакс“.

Фотографијата од роденденската прослава стигнала до јавноста поради што Орбан морал да плати 2.500 леи (околу 500 евра), затоа што не носел заштитна маска и пушел во својот кабинет.

Казна во ист износ треба да плати и шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреску, кој исто така пушел.

Пушењето на јавни места е забрането со години во Романија, а поради коронавирусот, предвидена е и обврска за носење маска. Министерот за економија, Виргил Попеску, и министерот за транспорт, Лучијан Боде, добија помали казни бидејќи не носеле маски.

Потпретседателот на владата, Ралука Туркан, доби најмала казна, само 1.000 леи, затоа што на прославата имал маска, но не на устата и носот, туку околу вратот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико