Преминот Меџитлија од полноќ ќе биде затворен за сообраќај | Правдико

Правдико

   

Преминот Меџитлија од полноќ ќе биде затворен за сообраќај

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граничниот премин Меџитлија од ноќеска на полноќ ќе биде затворен за секаков вид сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин Меџитлија од страна на грчката гранична служба од граничниот премин Ники, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки против Ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин Ники ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22 јули (среда) од 00.00 часот до 4.8.2020 (вторник)“, соопштија од МВР.

Во соопштението се наведува дека сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин Евзони.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико