Препораки и упатства за избрани функционери за излез и влез на државната граница | Правдико

Правдико

   

Препораки и упатства за избрани функционери за излез и влез на државната граница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата изготви пртокол за излез и влез на државната граница за избрани носители на јавни функции, кој произлегува од втората фаза од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување ширење на коронавирусот, усвоен на вчерашната владина седница.

Лицата избрани носители на јавни функции, вработени во Владата и во министерствата, при излегување од државата, поради итни неодложни државни интереси (работни обврски од државен интерес) задолжително потпишуваат изјава при излез од државата за доследно придржување кон пропишаните основни превентивни мерки за:

• носење заштитна маска со избегнување допирање на лицето (очи, нос, уста) со рацете;
• често миење на рацете или дезинфекција на рацете за време на престојот надвор од државата;
• одржување физичко дистанцирање од 1,5 до 2,0 м и намалување на физичките контакти (се забранува поздравување со рацете);
• се препорачува да не се користат јавен превоз и такси во местото на престој.

Лицата при враќање во земјата спроведуваат одредени превентивни мерки од 14 дена од денот на влегувањето во државата за кој период се препорачува:
• не е потребно спроведување тестирање на Ковид-19;
• носење заштитна маска во затворен простор, а доколку се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метра од друго лице, маска не е задолжителна со внимателно избегнување допирање на лицето со рацете;
• да се ограничат на минимум личните и професионални контакти со други лица од нивната околина и надвор од неа;
• при евентуален контакт со други лица задолжително е носење заштитна маска;
• должни да се придржуваат кон упатствата за намалување на ризикот од пренесување на инфекцијата;
• често миење на рацете или нивна дезинфекција;
• избегнување физички контакт и одржување дистанца од најмалку 1,5 – 2,0 м при контакт лице во лице.

Препорака:

Мерење телесна температурата наутро и доколку е поголема од 37,2 степени или ако лицето има симптоми (треска, отежнато дишење, сува надразнувачка кашлица), се јавува телефонски кај својот матичен лекар или ја известува регионалната епидемиолошка служба (на постојните телефони за контакт на ИЈЗ и ЦЈЗ), кои ќе одлучат за понатамошниот третман. Доколку состојбата бара итна хоспитализација, се повикува итна медицинска помош или со сопствено возило во придружба на еден член на семејството ја посетува најблиската болница за Ковид-19, со претходна најава на телефон.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико