Правдико

   

Препораки за фрлање на отпадот за граѓаните кои се во карантин или самоизолација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерство за животна средина и просторно планирање објави препораки за управување со отпадот за граѓаните кои се во карантин или самоизолација со сомнителен случај во домот.

Од Министерството нагласуваат дека поради опасноста од ширење на коронавирусот, личниот отпад како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици, се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба.

Вреќите наполнети најмногу до 2/3 од нивниот капацитет треба да бидат спакувани во втора вреќа и убаво затворени, за да бидат безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството.

Другиот отпад од домаќинствата се отстранува на вообичаен начин.

Дополнително, од Министерството укажуваат на неопходност од носење заштитна опрема на комуналните работиници, односно сите собирачи на отпад, и применување на претходно изнесената процедура за отстранување на заштитната опрема од страна на сите лица кои ја користат во рамки на своето работење.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико