Препораки за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки | Правдико

Правдико

   

Препораки за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_1Пред вас е второто, изменето издание на Препораките за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки кои за прв- пат беа објавени пред две години, во февруари 2013 година. Примарно, препораките беа изработени врз основа на сознанијата добиени од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македо- нија, анализата на релевантните национални прописи за јавни набавки во Македонија, на Кодексот со најдобри практики за мали и средни претприја- тија изработен од Европската комисија, како и обемното истражување на практиката на договорните органи и на искуството на микропретпријатијата во областа на јавните набавки во земјава.

Сето тоа покажа недоволно учество во јавните набавки, особено според вредноста на добиените тендери, на малите претпријатија и на микропрет- пријатијата. Застапеноста на микропретпријатијата на пазарот на јавни на- бавки е мала и несразмерна во однос на нивниот вкупен број, значење и улога што ја имаат овие претпријатија во локалните средини, но и во вкуп- ната економија на земјата. Истражувањата покажаа дека овие претпријатија се соочуваат со недоволна информираност за јавните набавки, непозна- вање на регулативата и на начинот на спроведувањето на јавните набавки, недоволна доверба во јавните набавки, како и со низа административни и други пречки во практиката на спроведувањето на јавните набавки.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико