Прераспределба на судии во Основниот суд Скопје 1 | Правдико

Правдико

   

Прераспределба на судии во Основниот суд Скопје 1

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот суд  Скопје 1 прераспредели десетина судии кои работеа на кривична материја во Одделението за прекршоци.

Драган Николовски, Седат Реџепагиќ, Оља Ристова и Марија Клетничка – Марковска кои работеле на кривична материја сега се  префрлени во Одделот за прекршоци.

Судијката Весна Димишкова која работеше на претходна постапка и која го издаде налогот за Специјалното јавно обвинителство да влезе во УБК, е распоредена во Одделот за малолетници.

Судијката Славица Андреевска која определи притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески и која издаде налози за предметот Трезор, е ставена да води предмети според стариот Закон за кривична постапка, со цел никако да не дојде во контакт со предмети на СЈО, велат наши извори.

Според нашите извори листата на промени е составена од речиси сите судии кои беа потпишани на писмото со кое судиите го кажаа своето незадоволство од работењето на поранешниот претседател Владимир Панчевски.

Годишниот план за работа го прави претседателот  на судот, односно в.д. претседателката Татјана Михајлова.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико