Пресечен канал за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и организирано криумчарење мигранти | Правдико

Правдико

   

Пресечен канал за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и организирано криумчарење мигранти

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на денешниот ден, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе координирана акција со Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Скопје, Велес и Тетово.

Преземени се дејствија за процесуирање на поднесената кривична пријава од страна на МВР против шест лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, Криумчарење мигранти по член 418-б и Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти по чл.418-в од Кривичниот законик.

Организираната криминална група во периодот од април до септември годинава, вршела неовластено организирање, купување заради продажба и пренесување на 146 кг наркотична дрога марихуана, како и криумчарење мигранти низ територијата на Република Македонија од границата со Република Грција кон Република Србија.

Против сите шест лица надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка и до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Предлог за определување мерка притвор.

Партнери на Правдико