Правдико

   

Преслушани 30 „бомби за Траекторија“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На денешното рочиште за случајот „Траекторија“ на СЈО беа пуштени 30-ина т.н. „бомби“ од разговорите за договарање како да се спроведат правните процедури со кинеските компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид во јануари 2013 година.

Во судницата се слушаа снимените разговори на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со неговите соработници и со амбасадорот на Македонија во Кина, Оливер Шамбевски, како и со поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески.

За случајот треба да се слушнат вкупно 315 „бомби“.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на Буџетот на државата од најмалку 155 милиони евра.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико