Правдико

   

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во координирана операција против шверц со дрога ширум Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти „Европол“. Осомничениот водач на синџирот шверцери, 48-годишниот Летонец, бил уапсен во Шпанија.

Другите беа уапсени во Полска, Литванија, Шпанија и Велика Британија, објави „Ројтерс“.

„Европол“ истакнува дека ова е најголемата операција од ваков вид во која беа пребарани 40 куќи на 15 и 16 мај. Беа запленети осум милиони евра, дијаманти, златни полуги, накит и луксузни автомобили.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико