„Престанете да им се заканувате на сведоците“ им порача судијката Кацарска на обвинетите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за собраниските насилства, на почетокот на денешното судско рочиште ги предупреди некои од обвинетите да не им се јавуваат на сведоците и да не им се закануваат.
„Обвинетите да престанат да ги малтретираат сведоците. Да престанат да им се јавуваат, да бараат средби со нив, да им се закануваат“, рече Кацарска. Таа не прецизираше кој од обвинетите се заканувал. На денешното рочиште за насилниот упад во Собраниетио треба да сведочат четворица сведоци кои се вработени во МВР.
Извор: Макфакс