Престрелка или одмазда кон лицето вработено во УБК | Правдико

Правдико

   

Престрелка или одмазда кон лицето вработено во УБК

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера, неколку непознати лица, околу 10.35 часот го нападнале С.А. кој заедно до брат му А.А. биле на ул. „Алија Авдовиќ .

Непознатите лица во еден момент пукале од огнено оружје кон неговиот брат кој бил во автомобил, по што го напуштиле местото на настанот и побегнале во непознат правец.

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што било констатирано дека непознато лице кое управувало со „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, излегло од возилото и се доближило до ПМВ „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, по што почнало да пука со пиштол кон возилото во кое бил А.А., кој се здобил со прострелна рана во пределот на левото рамо.

Лицата кои биле во ПМВ „Голф“ возвратиле на пукањето. На местото биле пронајдени чаури, кои се обезбедени.

Исто така, ПМВ „Голф“ било пронајдено, додека ПМВ „Фолксваген Пасат“ се уште не е пронајдено. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико