Пресуда за Салех Абдеслам на 23 април
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На осомничениот за нападите во Париз во 2015 година, Салех Абдеслам, ќе му биде изречена казна на 23 април за нападот во Брисел во 2016 година, соопшти белгискиот суд.
Абдеслам се наоѓа во затвор кај Париз поради улогата што ја имал во убиството на 130 луѓе во нападот во Париз, што го изведе екстремистичката Исламска држава.
Тој е исто така обвинет и за обидот за убиство во Брисел, пред самоубиствениот напад на Исламска држава во тој град во март 2016 година, пренесе „Ројтерс“. За тоа дело, во кое се повредени неколку полицајци, му се заканува казна затвор од 20 години.
Абдеслам е спроведен под силно обезбедување од Франција во Брисел за да присуствува на првото судење, на кое одби да сведочи. Неговиот адвокат изјавил дека тој треба да биде ослободен поради процедурални грешки на белгиското обвнителство.
Извор: Макфакс