Пресудата на Писториус на Апелациски суд | Правдико

Правдико

   

Пресудата на Писториус на Апелациски суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд на Јужна Африка ја започна денеска расправата по жалбата на Обвинителството за пресудата на параолимпиецот Оскар Писториус.

Oscar-Pistorius

Поранешниот спортски херој на Јужноафриканците и параолимписки шампион од последните игри во Лондон во 2012 година, во октомври 2014 година беше осуден на пет години затвор за ненамерно убиство на својата девојка Рева Стенкамп.

Обвинителството не ја прифати ваквата казна, инсистирајќи на својата верзија за настанот и тврдејќи дека станува збор за смислено убиство, за кое затворската казна може да изнесува до 15 години.

Писториус кој минатиот месец беше ослободен од затвор и префрлен во домашен притвор, не присуствува на расправата во Апелациниот суд.

Тој може да биде вратен во затворската ќелија, доколку судиите ја променат првичната пресуда.

Оскар Писториус (28) во февруари 2013 година ја застрела Стенкамп. пукајќи низ затворената врата на бањата во неговата куќа во Преторија.

Во текот на истрагата за убиството и на судењето, тој се бранеше дека пукал мислејќи оти во бањата се крие провалник без да знае дека во меѓувреме, таму влегла неговата девојка.

Обвинителството меѓутоа не ја прифаќа ваквата одбрана и тврди дека параолимпиецот намерно ја убил Стенкамп, објаснувајќи го своето тврдење со бурната и гласна расправија меѓу двајцата пред пукањето.

Во текот на судењето обвинителите како доказ ги прикажуваа изјавите на соседите кои слушале за расправијата, но судијата во процесот заклучи дека нема доволно уверливи докази дека станува збор за убиство со намера.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико