Пресудата за Младиќ кон крајот на ноември | Правдико

Правдико

   

Пресудата за Младиќ кон крајот на ноември

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал ќе ја изрече првостепената пресуда на обвинетиот за воени злосторства и геноцид во БиХ Ратко Младиќ кон крајот на ноември оваа година, а до тогаш нема да го пушти на привремена слобода ни заради лекување.

Минатата недела Судскиот совет донесе одлука со која одби да го пушти Младиќ на привремена слобода заради лекување во Русија, бидејќи не е убедено оти ќе се врати и покрај гаранциите на руската Влада.

Во соопштението на Трибуналот е наведено дека Младиќ не се предал доброволно, туку избегнувал апсење 16 години, без оглед на нарушената здравствена состојба.

Покрај тоа, Судскиот совет смета дека Младиќ има адекватен третман во притворското одделение и дека за него се грижат медицински специјалисти, во согласност со меѓународните стандарди.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико