Претепан сопственик на куќа во кумановско, украдени пиштол, франци, евра и денари | Правдико

Правдико

   

Претепан сопственик на куќа во кумановско, украдени пиштол, франци, евра и денари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Три непознати лица минатата недела, на 5 ноември претепале сопственик на куќа во кумановското село Отља и украле птиштол, евра, франци, денари.

08112016145008_web_policija_lenta

Разбојниците влегле во куќата преку вратата која не била заклучена, физички го нападнале шеесет и шестгодишниот сопственик, удирајќи го во пределот на главата и телото и нанесувајќи му телесни повреди.

После тоа му одзеле пиштол марка „Застава“ калибар 7,62 мм, два мобилни телефони, 500 швајцарски франци, 150 евра, 14.000 денари и лична карта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

Кражба се случила и викендов во село Желино во куќа сопственост на жител на селото кој бил на привремена работа во Германија.Сторителот, притоа, одзел златен накит и пиштол марка „Бул-чироки“ со рамка со три куршуми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот за целосно расчистување на настанот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико