Претрес во Крушопек, приведено едно лице за недозволено поседување оружје | Правдико

Правдико

   

Претрес во Крушопек, приведено едно лице за недозволено поседување оружје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 07.04.2021 околу 08.00 часот во с.Крушопек, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(26) од с.Крушопек, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

Имено, во периодот од 06.00 до 08.00 часот, по добиена наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на М.С. од село Крушопек. При претресот во домот се пронајдени пиштол и куршум, кои ги поседувал без дозвола. Лицето е приведено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Препорачуваме

Партнери на Правдико