Претседателот Иванов побара правда за приведените пратеници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Правда наместо реваншизам е пораката којашто претседателот Ѓорге Иванов повеќепати ја потенцираше во своето годишно обраќање од Собранието.
Тој порача дека насилниците од 27 април треба да одговараат, но одговорноста, како што рече, да не се генерализира.
„Видовме пратеници со лисици на рацете без симнат имунитет, но и граѓани на здружението ‘За заедничка Македонија’ кои два месеца мирно протетираа. Не можам да не ги поддржам барањата на граѓаните. Потребна е правда наместо реваншизам“, порача Иванов.
Во таа насока претседателот испорача три барања: Закон за обновување на постапките кои имаат индиции за кршење човекови права, граѓанска и кривична одговорност на оние кои монтирале случаи, и отстранување на генераторите на кризата со цел враќање на довербата на граѓаните во институциите.
Г.Н.Р.
Извор: Макфакс