Правдико

   

Претседателот на Адвокатската комора на РМ учествуваше на ЕКП во Виена

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

epkПретседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Никола Додевски, во периодот од 4 до 6 февруари во Виена, Австрија учествуваше на 44-та Европска конференција на претседатели на адвокатски комори организирана од Адвокатската комора на Австрија.

Европската претседателска конференција претставува форум на кој преставниците на адвокатските организации разменуваат искуства, дебатираат на значајни теми од областа на адвокатурата и работат на развој на стратегии за унапредување на професијата.

Годинава, централната тема на конференцијата  беше насловена „Границите на правото“. Свои презентации на темата имаа Конлан Смит, претседател на работната група на Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа (ССБЕ) за миграција, Тило Саразин, поранешен член на Управниот одбор на Германската сојузна банка, Коен Ленартс, претседател на Европскиот суд на правдата, Бубакер Бетабет, заменик претседател на Адвокатската комора на Тунис и проф. д-р Ханс Третер од Институтот за човекови права при Универзитетот во Виена.

csm_1110_edabc57e65Во рамки на конференцијата, беше презентиран извештајот за работата на CCBE, како и на адвокатските комори – учеснички, меѓу кои на АКРМ,  која на овој еминентен и значаен настан учествува под уставното име. Учесниците воедно присуствуваа на свечен прием кај австрискиот канцелар, министерот за правда на Австрија и градоначалникот на Виена.

Фактот дека на Конференцијата присуствуваат повеќе од 200 учесници од сите делови на Европа, но и претставници на меѓународни правни организации  говори за важноста на настанот кој традицинално секоја година, изминативе 43 години, се одржува во Виена.

Партнери на Правдико