Претседателот на Албанија поднесе тужба за клевета против градоначалникот на Тирана | Правдико

Правдико

   

Претседателот на Албанија поднесе тужба за клевета против градоначалникот на Тирана

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Албанија Бујар Нишани поднесе тужба за клевета против градоначалникот на Тирана, јавува БТА.

13052016105204_14012015212615_Nishani_846619872

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај го обвини во телевизиска емисија претседателот, Бујар Нишани дека ги злоупотребил овластувањата за да ја пренесе сопственоста на католичка црква во градот Елбасан во централниот дел на Албанија на име на неговото семејство .

Велиај, кој беше избран минатата година за градоначалник на Тирана, припаѓа на владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама.

Иако официјално е аполитичен, откако ја презеде функцијата шеф на државата во 2012 година, Нишани, кој беше избран за претседател како член на десничарската Демократска партија, е во постојан конфликт со социјалистите, кои ја презедоа власта во 2013 година.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико