Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето | Правдико

Правдико

   

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста.

Во еден од разговорите од 30 мај 2011 година, Миле Јанакиески, ексминистерот за транспорт и врски, на Дерковски, кој тогаш бил директор на МЖ „Транспорт“, му вели дека ќе добијат материјали и насоки за денот на гласањето:

„Нашите да пијат кафе до 7 во штабовите. До 9 да гласаат. До 10 да гласаат пријатели и роднини, до 12 сите вработени, а потоа неопределените”.

Јанакиески  му вели на Дерковски дека му треба листа со конкретни активности за денот на гласањето.

Во друг разговор, Миле контактира со командирот на сообраќајната полиција во Радовиш, Ѓорѓи, и му вели:

„Имате доста влијание во Конче. Да контактирате таму со нашиот тим и да направите една тура од врата до врата”.

На тоа командирот го прашува дали да му се јави и да го извести што направиле, Јанакиски му потврдува.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико