Претседателот на Романија најави референдум | Правдико

Правдико

   

Претседателот на Романија најави референдум

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради масовните протести, романскиот претседател Клаус Јоханис најави референдум за владиниот предлог за решение на корупцијата во земјата.

Тој рече дека романската влада треба да го исполни ветувањето дадено на демонстрантите дека демократијата мора да се брани секој ден.

Владата претходно под притисок на масовните протести и критики од меѓународната заедница го укина декретот за декриминализација на случаи на корупција во кои штетата е помала од 44.000 евра.

И покрај тоа, повеќе од 200.000 демонстранти низ цела Романија побараа оставка на премиерот Сорина Гринденауа.

Согласност на претседателот

“Повлекувањето на оспорениот пропис и евентуалната оставка на министерот за правда во овој случај не е доволно, заклучи романскиот претседател”.

Претседателот Јоханис додаде дека предвремените избори во ова време би биле премногу. “Ние треба да се движиме помеѓу овие две крајности”, рече претседателот на Романија.

На најавениот референдум граѓаните треба да гласаат за  продолжување на борбата против корупцијата во земјата.

“Немаме датум, немамени конкретно прашање, но тоа е темата”, објави Глушац.

Препорачуваме

Партнери на Правдико