Претседателот на скопска „единица“ (го) чека судење | Правдико

Правдико

   

Претседателот на скопска „единица“ (го) чека судење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд се’ уште не донел решение дали во скопскиот кривичен суд ќе му се суди на неговиот прв човек Владимир Панчевски, кој е обвинет за самовластие.

588DC118D05B004D9650638649BAF8BC

Скопскиот Апелациски суд се’ уште не донел решение со кое ќе ја ослободи судијката Лидија Зимбовска, но и целиот кривичен суд, да постапува во кривичен предмет кој ќе се води против Владимир Панчевски, актуелен претседател на Основниот суд Скопје 1. Судијката Зимбовска чека на одлуката на Апелацискиот суд речиси два месеца, откако самата побара да биде изземена, односно да не постапува во кривичен предмет кој се води против Панчевски за сторено кривично дело самовластие.

Од повисокиот суд се очекува да каже дали судијката, но и нејзините колеги од кривичниот суд ќе бидат ослободени од обврската да му судат на Панчевски, а се очекува да биде одреден некој друг суд кој е под јурисдикција на Апелацискиот суд во Скопје.

Како што веќе пишуваше „Утрински весник“ за Панчевски беше поднесена приватна кривична тужба од компанијата „Македонија турист“. Поднесената пријава беше примена и прифатена од скопска „единица“, но поради правни пречки истиот суд не може да постапува во овој кривично-правен настан, иако преку автоматизираниот систем предметот и’ беше доделен на судијката Лидија Зимбовска.

Претседателот Панчевски на почетокот на минатиот месец рече дека тој не добил примерок од тужбата и дека за случајот разбрал од медиумите. „Се работи за два исконструирани настани. Се’ започна кога сакав да спречам узурпација и бесправно градење на државно земјиште“, ни изјави Панчевски. Тој рече дека за се’ бил известен Градежниот инспекторат на општина Центар и тврди дека имотот е сопственост на неговото семејство уште од 1928 година, за што поседувал документација.

АД „Македонија турист“, со приватна кривична тужба од 3 март оваа година го обвинува Панчевски за самовластие, односно за незаконско разрешување на проблем од имотно-правен однос. Станува збор за земјиште кое се наоѓа во строгиот центар на Скопје. Имено, Панчевски, во постапката за денационализација го добил земјиштето. Всушност, земјиштето е неспорно, туку пристапот до него и една поставена врата.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико