Претседателот на Совет на јавни обвинители поднесе оставка | Правдико

Правдико

   

Претседателот на Совет на јавни обвинители поднесе оставка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски поднесе оставка. Тој појасни дека дал оставка од претседателската функција, но не и од членството во Советот. Оставката ја поднел поради семејни причини.

Советот на јавни обвинители денеска требаше да одржи седница на која беше предвидено назначување на в.д јавен обвинител на местото на Марко Зврлевски. Минатиот четврток седницата беше откажана поради немање кворум.

Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.

Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, п ретседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико