Правдико

   

Претставничкиот дом на Флорида усвои Закон за ограничување на оружјето

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претставничкиот дом на Флорида ги усвои реформите за законот за оружје, кои меѓу другото, предвидуваат и ограничувања при купувањето оружје и програма за вооружување на дел од наставничкиот кадар.

Предлогот ќе биде проследен до гувернерот Рик Скот да го потпише. Претходно и Сенатот на Флорида го одобри овој закон, со кој се зголемува долната граница за купување оружје на 21 година и се воведува тридневен период на чекање при купувањето оружје.

Долната граница за купување пиштол и досега беше 21 година, но некој со 18 години може да купи пушка на Флорида, а да не е ограничен со период на чекање.

Законот доаѓа еден месец откако момче со полуавтоматска пушка АР-15 влезе во училиште во Паркланд на Флорида и застрела 17 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно сугерираше дека вооружувањето наставници би можело да помогне при спречување масакри, како тој на Флорида.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико