Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за Сребреница | Правдико

Правдико

   

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за Сребреница

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претставничкиот дом на САД вчера усвои симболична резолуција со која се признава масакрот во Сребреница за геноцид.

68E4F3636C93864DA72EF85B38F8D141

Пред десет години Долниот дом на американскиот Конгрес ги призна случувањата за геноцид. Вчера конгресмените гласаа усно со консензус за нова резолуција, чиј текст го содржи 14 пати зборот „геноцид“.

Во текстот се наведува дека агресивната политика на етничко чистење на српските сили во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година е геноцид врз основа на член 2 од Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на геноцид.

Во јули 1995 година во заштитената од ОН енклава Сребреница беа убиени над 8.000 муслимански мажи и момчиња. На 11 јули се навршуваат 20 години од случувањата во Сребреница.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико