Превозници и професор од Македонски Брод го оштетиле буџетот за 1.064.847 денари | Правдико

Правдико

   

Превозници и професор од Македонски Брод го оштетиле буџетот за 1.064.847 денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ПС Македонски Брод поднесе кривична пријава против 57-годишниот Г.М. од Македонски Брод, професор во СОУ ,,Св. Наум Охридски“ во Македонски Брод, против 46-годишниот Н.Б. од с.Пласница и 59-годишниот И.Б. од с.Дебреште поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од учебната година 2012-2013 до учебната година 2015-2016 Г.М. ја злоупотребил својата службена положба и овластување и дозволил автопревозниците „Нуре Транс“ од с.Пласница и „Травај Турс“ од с.Дебреште за извршени превозни услуги на ученици да достават фактури и од буџетот на училиштето да бидат исплатени фактури со поголема вредност од вистинската во износ од 1.064.847 денари. На тој начин тие го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико