Преземање и отстапување на кривично гонење | Правдико

Правдико

   

Преземање и отстапување на кривично гонење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

судПреземање на кривично гонење

Барањето од странскиот надлежен орган во Република Македонија да преземе кривично гонење против државјанин на Република Македонија или на лице кое има живеалиште, односно престојувалиште во Република Македонија за кривично дело извршено во странство, се упатува со кривичните списи до надлежниот јавен обвинител на подрачјето каде што лицето има живеалиште, односно престојувалиште.

Ако до странски надлежен орган е поднесено имотно правно барање, домашниот правосуден орган ќе постапи како тоа барање да е поднесено во постапка пред домашен правосуден орган.

За одбивањето да се преземе кривично гонење, како и за правосилната одлука донесена во кривична постапка домашниот надлежен орган ќе го извести странскиот надлежен орган што го упатил барањето.

Преземање на кривична постапка

Кривичната постапка ќе се преземе само кога кривичното дело за кое се бара кривично гонење е кривично дело според домашното законодавство. Ако кривичната постапка е преземена се спроведува согласно со домашното  законодавство.

Законот на странската држава во однос на видот и висината на кривичната санкција се применува доколку е поблаг за обвинетиот во кривичната постапка.Кривичната постапка не може да се води во отсуство на обвинетиот.

Надлежниот јавен обвинител без одлагање го разгледува поднесеното барање и веднаш одлучува по истото. За донесената одлука надлежниот јавен обвинител преку Министерството без одлагање го известува странскиот надлежен орган и му доставува заверена копија од одлуката.

Отстапување на кривично гонење на странска држава

Ако на територијата на Република Македонија кривично дело сторил странец кој има живеалиште во странска држава, на странската држава можат надвор од условите за кои се дозволува екстрадиција, да и се отстапат сите кривични списи и докази заради кривично гонење и судење, ако странската држава не се противи на тоа. Кон барањето за отстапување на кривично гонење се приложуват оригинали или заверени преписи на кривични списи.

Ако обвинетиот се наоѓа во притвор, од странскиот надлежен орган ќе се побара најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето да се достави известување дали го презема гонењето.

До влегувањето во правна сила на обвинителниот акт, одлука за отстапување на кривично гонење донесува надлежниот јавен обвинител. По влегувањето во правна сила на обвинителниот акт, а до започнувањето на главната расправа, одлуката по предлог на надлежниот јавен обвинител ја донесува судскиот совет согласно со одредбите од Законот за кривичната постапка.

По започнување на главната расправа, по предлог на надлежниот јавен обвинител, одлучува надлежниот совет на судот согласно со одредбите на Законот за кривичната постапка.

Отстапувањето може да се дозволи за кривични дела за кои е предвидена казна затвор до десет години, како и за кривични дела загрозување на јавниот собраќај.Ако оштетениот е државјанин на Република Македонија, отстапувањето на кривично гонење не е дозволено ако тој му се противи на отстапувањето, освен ако е дадено обезбедување за остварување на неговото имотноправно барање.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Постапка за издавање потерница

– Постапка за екстрадиција по барање на Република Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико