Преземени мерки за поголема безбедност во затворот во Шуто Оризари | Правдико

Правдико

   

Преземени мерки за поголема безбедност во затворот во Шуто Оризари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По инцидентите во затворот во Шуто Оризари во кои беа вмешани ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, директорот на Управата за извршување на санкциите, во петокот испратил контролен стручно-инструкторски надзор на КПУ Затвор Скопје, со цел проверка на спроведувањето на Наредбите од 26.02.2019 година.

Директорот на КПУ Затвор Скопје – Ѓоко Котевски истакна дека спроведени се одредени превентивни мерки. На сите шеталишта е поставено дополнително рефлекторско осветлување, за подолго користење на истите во текот на денот, а поставена е и нова безбедносна мрежа на истите.

Котевски ги задолжил оние припадници на затворската полиција кои имаат задача да го извршуваат спроводот на притворените и осудените лица, откако ќе ги завршат овие работни задачи, задолжително да се ангажираат од страна на дежурниот командир на смена на работи и работни задачи во притворското и затвореното одделение на установата.

Доделени им се дополнителни задолженија на командирите на смена и нивните заменици во затворската полиција, по кои треба да постапуваат при приемот на новодојдени осудени и притворени лица, кои според нивна проценка претставуваат ризик по безбедноста.

Директорот веќе има донесено решенија за изрекување дисциплинска санкција за некои од припадниците на затворската полиција, додека против некои од нив, дисциплинските постапки се уште се во тек.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико