Презентација на регионалната E-learning програма | Правдико

Правдико

   

Презентација на регионалната E-learning програма

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advАдвокатската комора на Македонија, Балканската регионална мрежа за владеење на правото (BRRLN) и Партнери за демократски промени Србија (Партнери Србија) Ве покануваат на презентацијата на регионалната E-learning програма на 3 декември 2015 во Хотел Импексел 2 /позади Универзална сала/ со почеток во 11,45 часот.

Програмата е имплементирана од страна на Партнери Србија со поддршка од BRRLN, со цел подобрување на системот на континуирано образование за адвокатите и адвокатите-приправници преку изработка на on-line тренинг програма во земјите на програмата BRRLN – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија.

Програмата ќе содржи серија на on-line презентации и обуки кои ќе бидат достапни на BRRLN E-learning платформата http://brrln.org/http/record.php?mv=1&id=77. Програмата ќе содржи теми поврзани со човековите прави во кривичните постапки, апликација за Европската конвенција за човекови права и фундаментални слободи и Европскиот суд за човекови права. Регионалната E-learning програма ќе биде достапна за заинтересираните адвокати и адвокатски приправници во секое време и од било кое место, и е бесплатна.

Презентацијата ќе ја отвори Г-дин Никола Додевски, претседател на Адвокатската комора на Македонија, Елизабет Гивенс, директор на програмата, и Блажо Недиќ, претседател на Партнери Србија. Заедно со презентацијата на Регионалната E-learning програма, ќе се одржи и предавање за Читање и интерпретација на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ECtHR) и нивното користење во домашните судски постапки од страна на адвокатите, приправниците, и стручните соработници од страна на Г-а Ружица Николовска, адвокат.

Сите заинтересирани адвокати кои сакаат да присуствуваат на презентацијата, задолжително да се пријават на е-маил. lawyermk@mba.org.mk, најдоцна до 1 декември 2015 година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико