Презентација на „Законот на САД за спречување на корупцијата во странство“ | Правдико

Правдико

   

Презентација на „Законот на САД за спречување на корупцијата во странство“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mcmurray-law-office-teamАкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Амбасадата на САД во Република Македонија, организираат презентација на „Законот на САД за спречување на корупцијата во странство“ што ќе се одржи на20 април 2016 година (среда), во просториите на Академијата – Ламела1, со почеток во 9:00 часот а ќе трае до 10:30 часот во што е вклучена и дискусија во врска со презентираниот Закон.

Презентацијата се организира за судии од кривичниот оддел од Апелационен суд Скопје, Основен суд Скопје 1 (оддел за организиран криминал), јавни обвинители од Вишо јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и претставници на  Министерство за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање.

Законот на САД за спречување на корупцијата во странство ќе го презентира г-дин Мартин Е. Хелмер, супервизорски специјален агент на Федерално биро за истраги на САД (ФБИ).

 Агендата согласно која ќе се одвива презентацијата можете да ја преземете тука.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико