При полициска контрола на возила пронајдени 47 мигранти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 24.08.2016 година околу 07.30 часот на автопатот Удово-Неготино, кај тунелите кај Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на ПМВ „Голф“ со скопски регистарски ознаки и ТМВ „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки кои не застанале. Патничкото возило се исклучило кон Демир Капија, а товарното возило продолжило со движењето и на околу 500 метри после клучката застанало, возачот излегол и побегнал.
Меѓутоа, по кратко време бил приведен од полициските службеници при што е утврдено дека станува збор за лицето Н.С. (38) од Р.Србија. По извршениот преглед на возилото биле пронајдени 47 лица-мигранти од Сирија, Ирак, Пакистан и Авганистан. Лицето Н.С. заедно со мигрантите се приведени и задржани во ПС-ОН Неготино за понатамошна постапка.
Од страна на судија на претходна постапка на српскиот државјанин одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против Н.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.