При претрес на куќа во Тетово пронајдени големи количини оружје | Правдико

Правдико

   

При претрес на куќа во Тетово пронајдени големи количини оружје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата пронашла големи количи оружје при претрес на куќа, во сопственост на 53-годишен маж од Тетово. Од МВР информираат дека при претресот, одземени биле 38 пакети со по 15 куршуми калибар 7,62 мм. долго зрно (вкупно 570 куршуми), две бомби кашикари (едната со запалка, едната без запалка), пиштол „ЦЗ-99“ калибар 9 мм со една рамка со два куршуми, кој го поседувал со дозвола, 195 куршуми калибар 7,62мм.

Потоа во ловџиски елек биле пронајдени 20 куршуми непознат калибар, во чанта биле пронајдени 49 куршуми непознат калибар, 17 куршуми кал. 7х56, 31 куршуми калибар 7,9мм, шест патрони од ловечка пушка калибар 16мм, 96 куршуми долго зрно непознат калибар, како и две празни рамки за пиштол марка „ЦЗ-99“ и еден карабин со снајпер (оптички нишан) марка „ТАС“ калибар 8х57мм кој го поседувал со дозвола.

Сите наведени предмети биле одземени со потврда за привремено одземени предмети. М.Д. бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико