При претрес во куќа во Рашче пронајдени оружје, муниција и дрога
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полициски екипи, по обезбедена судска наредба, а врз основа на информации за сторени повеќе кривични дела, вчера извршиле претрес во домот на Б.К.(46) во скопското село Рашче, каде пронашле неколку парчиња оружје, муниција, пакувања со дрога и други предмети, соопшти МВР.
Како што информираат оттаму, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка, од непозната марка, две мали празни рамки за „Шкорпион“, едан голема рамка со 14 куршуми за пиштол „Шкорпион“, едан голема рамка за пиштол „Шкорпион“ со 11 куршуми, калибар 7,65 милиметри, потоа еден пиштол марка „Том Фалион“, калибар 9 милиметри со рамка со 11 куршуми, еден револвер марка „Амадео Росиса“, 32 куршуми калибар 9×99 милиметри, 19 куршуми калибар 38 Специјал, два сигнални пиштоли, една воздушна пушка. При претресто биле пронајдени и 17 најлонски пакувања со прашкаста материја, најверојанто кокаин, две најлонски пакувања со непозната прашкаста материја, дигитална вага, три скутери и еден мотоцикл за кој полицијата се сомнева дека е предмет на кривично дело факсификување исправа.
ОД МВР информираат дека осомничениот Б.К. бил регистриран во крим-евиденцијата на СВР Скопје, за сторени кривични дела грабнување, фалсификување исправа, тешка кражба, недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи за кои му биле изрекувани и затворски казни.
Од полицијата додаваат дека по целосното расчистување на случајот против Б.К. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извор: Мета.мк