Прибе со група експерти повторно доаѓа во Македонија | Правдико

Правдико

   

Прибе со група експерти повторно доаѓа во Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пензионираниот директор на ЕК, Рајнхард Прибе, заедно со група експерти повторно доаѓаат во Македонија, објави на веб-страницата на ЕК, евркомесарот за проширување Јоханес Хан.

Во оваа група ќе бидат истите експерти кои го подготвија Извештајот со препораки, поврзани со прислушуваните материјали во 2015 година. Нивната работа придонесе за Извештајот со барањата за итни реформски приоритети, изготвен од Комисијата, по која беше потпишан Договорот од Прижно.

Групата експерти ќе ја посети земјата наскоро за да изврши анализа на тековната состојба, и да утврдат дали се спроведени нивните претходни наоди и препораки за тоа како да се одговори на загриженоста за системско владеењето на правото, во кое има назадување во последниве години.

Хан побарал од евроамбасадорот во Македонија со новата Влада да разговара за пошироките приоритети во однос на реформите неопходни за приближување кон ЕУ, со конкретни резултати рокови и како ЕУ може да обезбеди помош и совет за овие реформи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико