Прибе во Врховен – оставрил средба со Јово Вангеловски | Правдико

Правдико

   

Прибе во Врховен – оставрил средба со Јово Вангеловски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Актуелната состојба во судството во Македонија и препораките од извештајот на експертската група на европската комисија од 2015 година биле тема на средбата меѓу претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и експертот на Европската унија, Рајнхрад Прибе.

На средбата, како што соопштија од судот, Вангеловски истакнал дека реформите во судскиот систем треба да се спроведат со активно учество на судиите, поради  подобрување на состојбите на владеењето на правото во Македонија.

Вангеловски и Прибе на средбата договориле разговорите да продолжат во текот на следниот месец. Експертот на ЕУ вчера оствари средба и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и  министерот за надворешни работи Никола Димитров – пораката оттаму беше дека  работата во спроведување на реформите допрва почнува. Прибе  ја реафирмирал подготвеноста на експертскиот тим да и помогне на Македонија за надминување на посочените недостатоци во неколку важни области кои се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на регулаторните тела.

Извор: ТВ24

Препорачуваме

Партнери на Правдико