Правдико

   

Судскиот совет ќе ги испитува причините за одложувањето на судењето за „Диво Насеље“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот совет денеска соопшти дека ќе ги испита причините за вчерашното одложување на рочиштето за случајот „Диво Насеље, кога на новинарите и на адвокатите на обвинетите не им беше дозволен влез во големата сала на Врховниот суд, во која требаше да се одржи судењето.

divo-naselje-sudenje-2-860x680

„Во согласност со својата законска надлежност да се грижи за угледот на судиите и да ја зајакнува довербата на граѓаните кон судството, Судскиот совет на Република Македонија ќе ги собере сите потребни информации преку усна и писмена комуникација со претседателите на Врховниот суд, Апелациониот суд Скопје, Основниот суд Скопје 1 Скопје и Основниот суд Скопје 2 Скопје, како и со други лица, ако е тоа потребно, со цел да ги утврди вистинските причини поради кои беше одложено судското рочиште“, стои во соопштението на Судскиот совет.

Оттаму велат дека се запознаени за тоа дека имало недоразбирање меѓу припадниците на судската полиција од Врховниот суд и Кривичниот суд.

„Потсетуваме дека доколку кое било лице вработено во овие судови постапило спротивно на законските обврски, спротивно на препораките од оперативниот план за физичко обезбедување на судскиот процес или на кој било друг начин неосновано придонело за одлагањето на рочиштето, ќе мора за тоа соодветно да одговара“, се додава во соопштението.

По одложувањето на рочиштето, од Кривичниот суд вчера соопштија дека Врховниот суд не ја испочитувал одлуката на Владата и планот за користење на големата сала во овој суд за протребите на судскиот процес за „Диво Насеље“.

Од Врховниот суд, пак преку соопштение одговорија дека тие немаат никаква надлежност во организацијата на судењата за овој случај.

Извор: Мета

Партнери на Правдико