Придонесите за хонорарците ќе се најдат пред Уставниот суд | Правдико

Правдико

   

Придонесите за хонорарците ќе се најдат пред Уставниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дел од синдикатите, невладините организации и граѓанските движења кои протестираа против законите за плаќање социјални придонеси за хонорарите, подготвуваат претставка до Уставниот суд за оспорување на овие законски решенија.

101329

Од левичарското движење “Солидарност” велат дека иако законите веќе стапија на сила, нема да се откажат од обидите за нивно повлекување. Не се исклучува можноста за нови протести.

Согласно последните законски измени, дел од хонорарците чии примања се повисоки од минималната плата во земјава се задолжени да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Со законските измени се опфатени договорите за дело, авторските договори, други договори од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичкото лице остварува приход кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата која од годинава изнесува 9.590 денари.

Извор: 24Вести

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико