Пријава за дебранец, на државно земјиште си изградил викендичка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела узурпација на недвижности и бесправно градење, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Т.Ќ. (33) од Дебар.
Пријавениот во текот на оваа и минатата година како инвеститор на брегот на Дебарското Езеро во месноста Бадеми или градска плажа, зазел земјиште, сопственост на Република Македонија, со површина од 90 квадратни мeтри. На таа локација без одобрение изградил викендичка, на ниво приземје и кат, со основна површина од 90 квадратни метри. Со тоа тој стекнал противправна имотна корист на државно земјиште оштетувајќи го буџетот на државата во вредност од 138.037 денари, според пазарната вредност на земјиштето.
Пријавениот Т.Ќ. пред објектот изградил и потпорен sид и оформил неоградено дворно место и пристапен пат до објектот поради што основано е сомнението дека тој узурпирал поголема површина државно земјиште. Со тоа претпоставената противправна имотна корист со која се стекнал пријавениот е поголема поради што поголема е и вредноста на оштетувањето на државниот буџет, соопшти СВР Охрид.
Извор: Макфакс