Пријава за ексдиректор на средно училиште, си делел додатоци на платата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кратово поднесе кривична пријава против Т.Ј. (50) од Кратово поради несовесно работење во службата. Во периодот од септември 2012 до септември 2017 тој како директор на средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово не побарал согласност од Општина Кратово, односно не извршил усогласување со законските прописи, на правилникот за исплата на плати на вработени и надоместок на ангажирани лица и наставници во ученичкиот дом.
Исто така, не постапил по наодите и дадените препораки од ревизорскиот извештај, со што овозможил за себе исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ од 25 отсто. Во истиот период тој на овој начин овозможил за педагогот исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ од 10 отсто, а на благајникот во зголемен износ од 15 отсто, со што тие стекнале противправна имотна корист од 1.077.482 денара на штета на буџетот на РСМ, информира полицијата.
Извор: Макфакс